Сите членови на Буџинкан Македонија, како и секоја година, ќе можат своето учество на Летниот Нинџа Камп да го платат на 4
рати, почнувајќи од мај, па се до август. Плаќањето на четири раати (по 45 евра секоја рата), се врши од први до петти во месецот, а последната рата се уплаќа на самиот ден на почетокот на кампот.
И за дечињата исто така може да се изврши уплата на четири рати, односно по 30 евра со почеток во месецот мај.
Доколку имате прашања, Ве очекуваме.

На Летните Нинџа Кампови можат да учествуваат сите заинтересирани, без разлика дали имаат некакво искуство во боречките вештини. Дури, доколку имаат желба, можат само да се дружат со нашите членови и да си поминат едно незаборавно лето, без при тоа да бидат обврзани да вежбаат за време на тренинзите.
Хомбу* Доџо-то е изградено во чиста еколошка средина, со сопствени средства, без никакви донации. За да го оствари својот сон, инструкторот Игор Довезенски купи земја во долината под планината Липац, на 62 километри одалеченост од Скопје и со помош на своето семејство, цигла по цигла, по сопствен нацрт и со сопствени раце, го изгради доџо-то од темел. При изградбата, употребени се материјали кои ги исполнуваат највисоките еколошки стандарди. 
„Буџинкан Македонија“, во Пат кон Сонцето почнува со работа „Даито рју Македонија – Корју Доџо“. Во него се изучуваат две
Без никаква намера за експанзија или лична слава, следен единствено од љубовта кон традиционалните јапонски боречки вештини, Игор Довезенски ја создава единствената организација во Македонија во која што може да се вежбаат најпознатите јапонски класични самурајски и нинџа стилови на борба.

Некој што сака да се одмори и да не вежба? Нема проблем. Секој гостин на кампот може да ужива во прекрасната храна, во прошетките во околината и во одморот под сенката на големите ореви во дворот на доџото.




