По 12-ти пат одржан „Летниот Нинџа Камп“

Posted on Categories Почетна

Во периодот од 4-ти до 12-ти август, во Хомбу Доџото на Организацијата „Пат кон Сонцето“, по дванаесети пат се одржа легендарниот и надалеку проучениот настан на Буџинкан Македонија – Летниот Нинџа Камп.

Поради ситуацијата со корона вирусот и почитувањето на мерките предвидени од властите на Република Македонија, оваа година бевме принудени учеството да го ограничиме на само 15 учесници. Како и да е, дури и во услови на пандемија и економска криза, целосно беа  задржани квалитетот, како и содржините на кампот.

Им благодариме на сите учесници за подршката, а воедно го изразуваме нашето задоволство поради сите прекрасни зборови искажани и упатени на нашата адреса.

Се гледаме следната година!

Заврши јубилејниот „Летен Корју Камп X“

Posted on Categories Почетна

Десетиот и воедно јубилеен „Летен Корју/Нинџа Камп“ помина одлично и остави уште една неизбришлива трага во сеќавањата на Воините од Буџинкан Македонија.

Тема за оваа година беа самурајските вештини Даито рју Аикиџуџутсу и Кукишинден рју Нагината, а учесниците на крајот беа воодушевени од двете стари школи кои низ генерации се пренесувале од колено на колено.

Се разбира, силната динамика беше поткрепена и со нинџа техники како што се: Каџутсу, Метсубуши, Тетсубиши, Суи Рен, итн.

Сите девет дена поминати во семејна слога и заедничко усовршување ќе останат запаметени во текот на целиот живот. На крајот од кампот, инструкторот Игор Довезенски најави дека теми за следната година ќе бидат школите Гјокко рју Кошиџутсу, како и неколку оружја од Тогакуре рју Нинџутсу (Кусари Гама, Кјокетсу Шоге и Кусари Фундо).

Официјалниот постер за „Летниот Нинџа Камп X“

Posted on Categories Почетна


Покрај официјалниот постер за „Летниот Нинџа Камп X“, дозволете ни да Ве информираме дека започна пријавувањето за учество на овој величенствен настан.
Оваа година, за осумте првопријавени подготвивме одлични изненадувања.

Повеќе информации за настанот —–> тука

Одржан „Летниот Нинџа Камп IX“

Posted on Categories Почетна

По девети пат шидоши Игор Довезенски успешно го организираше и го одржа најголемиот и најпознатиот годишен настан познат под името „Летен Нинџа Камп“. И повторно, како и секоја година, тоа се

случи со помош на членовите на Буџинкан Македонија кои со години несебично ја даваат својата подршка и доверба на водачот на „Пат кон Сонцето“. Поврзаноста, лојалноста, семејниот дух меѓу Воините од доџото целосно се отсликува токму за време на летниот камп. Оваа година за време на настанот се изучуваа јапонските вештини Такаги Јошин рју Џутаиџутсу и Тогакуре рју Нинџа Бикенџутсу. Покрај нив, како и секогаш се обработуваа и други теми, а се со цел да се пренесе колку што е можно повеќе знаење од ризниците на учителот – на учениците.

Навистина не постојат зборови што можат да ја опишат атмосферата која владее за време на летниот нинџа камп, така што секој обид би бил неуспешен. Тоа што со сигурност можеме да го кажеме е дека настанот полека, но сигурно, станува ЛЕГЕНДАРЕН и дека идните генерации со денови ќе можат да раскажуваат додека ги гледат снимките и фотографиите од самиот камп.

Како и секоја година, така и оваа, на последниот ден од настанот шидоши Игор Довезенски ја обзнани темата за следната година, а за 2018-та таа е: Даито рју Аикиџуџутсу и Кукишинден рју Нагината. Доколку досега не сте го почуствувале воинскиот дух во себе односно никогаш не сте учествувале на некои од нашите летни кампови, во Вашиот календар маркирајте го датумот од 4-12 август и бидете дел од овој величенствен момент.

Одржан првиот „Детски Нинџа Камп“ во Македонија

Posted on Categories Почетна

Во организација на Буџинкан Македонија, оваа година за прв пат беше одржан “Детскиот Нинџа Камп“, кој предизвика многу позитивни реакции како кај најмладите членови на нашето доџо, така и кај нивните родители. Иако Буџинкан Македонија има големо искуство во организирање на вакви настани, сепак досега не биле организирани кампови за најмладите воинчиња од секцијата „Нинџа Клинци“.

Кампот се одржа од 27 јули до 03 август, во Хомбу Доџо-то на „Пат кон Сонцето“ и на него учествуваа 16 дечиња на возраст меѓу 5 и 12 години. Тие ги изучуваа основите на јапонските боречки вештини Кото рју Копоџутсу и Кукишинден рју Ханбоџутсу, но секако, тука беа и незибежните ноќни нинџа игри, како и предавањата на најразлични теми, а се со цел најмладите да стекнат знаења, вештини и самодоверба потребни за понатамошниот живот и иднината која ги чека. Да споменеме и уште дека тренинзите за време на кампот беа водени од страна на шидоши Игор Довезенски, семпаи Таки Гаковски и кохаи Тамара Ѓоргиевска.


Следната година очекуваме уште поголем одзив, а од наша страна ветуваме уште подобра организација на настанот.

Се ближи Детскиот Нинџа Камп

Posted on Categories Почетна

Детскиот Нинџа Камп се ближи, а со тоа и се повеќе прашања од страна на родителите чии деца ќе учествуваат на настанот.

Еве го одговорот на најчесто поставуваните прашања во последниов период.

Што треба дечињата да понесат со себе?

Се што носат кога одат на одмор. Но немојте да ги праќате со полни куфери. Нив не им треба различна облека за секој ден, туку облека за активности во природа. Ставете им маички, чорапчиња, гаќички, кратки панталончиња, хеланчиња и еден дуксер во случај да залади. Влечки за да можат да се движат низ дворот во слободното време, пешкир за на плажа и секако чектичка за заби за лична хигиена. Во доџото има течен сапун, тоалетна хартија, прибор за јадење.
Нека си понесат се што мислите дека ќе им треба, но не претерувајте со облеки и непотребни предмети.

Дали ќе можеме да им се јавуваме на телефон?

Во текот на целиот ден, според предвидената Програма, дечињата ќе имаат нај различни активности. Истовремено, сите знаеме за нивната зависност од мобилната технологија и неможноста слободно да уживаат во детството поради истата.
Затоа, телефоните ќе бидат ставени во една заедничка кутија и ќе можат да си ги земат и да ги користат секој ден меѓу 16.00 и 17.00 часот. За да не ги прекинуваме во игрите и во тренингот, а истовремено и да им дозволиме да станат независни, доколку имате итна потреба да се слушнете со нив надвор од предвиденото време, ѕвонете да телефоните на некој од Инструкторите.

Кога треба да ја платиме семинарската такса?

Најдоцна до 27 јули, кај некој од Инструкторите на секцијата Нинџа Клинци на Буџинкан Македонија.

Дванаесет дечиња пријавени за Детскиот Нинџа Камп

Posted on Categories Почетна

За рекордно кратко време, веќе имаме 12 дечиња пријавени за учество на првиот „Детски Нинџа Камп“.
Тоа е доволна гаранција за одлични тренинзи и незаборавна забава.

Пријавувањето ќе трае се до пополнување на сите превидени места, а доколку имате прашања, постојано Ви стоиме на располагање.

Следете не тука бидејќи одвреме на време ќе Ве информираме за новостите поврзани со овој величенствен настан.

Во мај почнува плаќањето на рати

Posted on Categories Почетна

Сите членови на Буџинкан Македонија, како и секоја година, ќе можат своето учество на Летниот Нинџа Камп да го платат на 4 рати, почнувајќи од мај, па се до август. Плаќањето на четири раати (по 45 евра секоја рата), се врши од први до петти во месецот, а последната рата се уплаќа на самиот ден на почетокот на кампот.

И за дечињата исто така може да се изврши уплата на четири рати, односно по 30 евра со почеток во месецот мај.

Доколку имате прашања, Ве очекуваме.