Покрај официјалниот постер за „Летниот Нинџа Камп X“, дозволете ни да Ве информираме дека започна пријавувањето за учество на овој величенствен настан. Оваа година, за осумте првопријавени подготвивме одлични изненадувања.
По девети пат шидоши Игор Довезенски успешно го организираше и го одржа најголемиот и најпознатиот годишен настан познат под името „Летен Нинџа Камп“. И повторно, како и секоја година, тоа се случи со помош на членовите на Буџинкан Македонија кои со години несебично ја даваат својата подршка и доверба на водачот на „Пат кон Сонцето“. Поврзаноста, лојалноста, семејниот дух меѓу Воините од доџото целосно се отсликува токму за време на летниот камп. Оваа година за време на настанот се изучуваа јапонските вештини Такаги Јошин рју Џутаиџутсу и Тогакуре рју Нинџа Бикенџутсу. Покрај нив, како и секогаш се обработуваа и други теми, а се со цел да се пренесе колку што е можно повеќе знаење од ризниците на учителот – на учениците.
Навистина не постојат зборови што можат да ја опишат атмосферата која владее за време на летниот нинџа камп, така што секој обид би бил неуспешен. Тоа што со сигурност можеме да го кажеме е дека настанот полека, но сигурно, станува ЛЕГЕНДАРЕН и дека идните генерации со денови ќе можат да раскажуваат додека ги гледат снимките и фотографиите од самиот камп.
Како и секоја година, така и оваа, на последниот ден од настанот шидоши Игор Довезенски ја обзнани темата за следната година, а за 2018-та таа е: Даито рју Аикиџуџутсу и Кукишинден рју Нагината. Доколку досега не сте го почуствувале воинскиот дух во себе односно никогаш не сте учествувале на некои од нашите летни кампови, во Вашиот календар маркирајте го датумот од 4-12 август и бидете дел од овој величенствен момент.
Во организација на Буџинкан Македонија, оваа година за прв пат беше одржан “Детскиот Нинџа Камп“, кој предизвика многу позитивни реакции како кај најмладите членови на нашето доџо, така и кај нивните родители. Иако Буџинкан Македонија има големо искуство во организирање на вакви настани, сепак досега не биле организирани кампови за најмладите воинчиња од секцијата „Нинџа Клинци“.
Кампот се одржа од 27 јули до 03 август, во Хомбу Доџо-то на „Пат кон Сонцето“ и на него учествуваа 16 дечиња на возраст меѓу 5 и 12 години. Тие ги изучуваа основите на јапонските боречки вештини Кото рју Копоџутсу и Кукишинден рју Ханбоџутсу, но секако, тука беа и незибежните ноќни нинџа игри, како и предавањата на најразлични теми, а се со цел најмладите да стекнат знаења, вештини и самодоверба потребни за понатамошниот живот и иднината која ги чека. Да споменеме и уште дека тренинзите за време на кампот беа водени од страна на шидоши Игор Довезенски, семпаи Таки Гаковски и кохаи Тамара Ѓоргиевска.
Следната година очекуваме уште поголем одзив, а од наша страна ветуваме уште подобра организација на настанот.