Детскиот Нинџа Камп се ближи, а со тоа и се повеќе прашања од страна на родителите чии деца ќе учествуваат на настанот.
Еве го одговорот на најчесто поставуваните прашања во последниов период.
Што треба дечињата да понесат со себе?
Се што носат кога одат на одмор. Но немојте да ги праќате со полни куфери. Нив не им треба различна облека за секој ден, туку облека за активности во природа. Ставете им маички, чорапчиња, гаќички, кратки панталончиња, хеланчиња и еден дуксер во случај да залади. Влечки за да можат да се движат низ дворот во слободното време, пешкир за на плажа и секако чектичка за заби за лична хигиена. Во доџото има течен сапун, тоалетна хартија, прибор за јадење.
Нека си понесат се што мислите дека ќе им треба, но не претерувајте со облеки и непотребни предмети.
Дали ќе можеме да им се јавуваме на телефон?
Во текот на целиот ден, според предвидената Програма, дечињата ќе имаат нај различни активности. Истовремено, сите знаеме за нивната зависност од мобилната технологија и неможноста слободно да уживаат во детството поради истата.
Затоа, телефоните ќе бидат ставени во една заедничка кутија и ќе можат да си ги земат и да ги користат секој ден меѓу 16.00 и 17.00 часот. За да не ги прекинуваме во игрите и во тренингот, а истовремено и да им дозволиме да станат независни, доколку имате итна потреба да се слушнете со нив надвор од предвиденото време, ѕвонете да телефоните на некој од Инструкторите.
Кога треба да ја платиме семинарската такса?
Најдоцна до 27 јули, кај некој од Инструкторите на секцијата Нинџа Клинци на Буџинкан Македонија.